Categories
Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22™ Ласерско отстранување тетоважи

Lumenis Stellar M22™ Ласерско
отстранување тетоважи

Lumenis Stellar M22™ Ласерско отстранување тетоважи

Оставете ја тетоважата во минатото

Ефективен третман за ласерско отстранување на непосакуваните тетоважи:

Третман

The Stellar M22™ Ласерското отстранување тетоважи е третман кој му овозможува на вашиот доктор ефективно да отстрани црни, сини и друг вид темни тетоважи, без разлика дали се работи за аматерска или професионална тетоважа. Stellar M22™ Q-Switch технологијата овозможува оптимално приспособување според типот на тетоважата, за ефективно да го таргетира темниот пигмент и да го отстрани. Ултракратките ласерски пулсирања се насочени кон мастилото на тетоважата во кожата, го разбиваат во мали честички кои понатаму се ресорбираат во телото по природен пат. Кожата околу тетоважата останува недопрена.

Видливи резултати

Промената во интензитетот на бојата на тетоважата е видлива уште по првиот третман. Бројот на потребни третмани зависи од делот на телото каде се наоѓа тетоважата, бојата на кожата и самиот тип на тетоважа.Бројот на третмани варира од 2-3, дури и до 10 во одредени случаи. Третманите се одвиваат во период од 6-10 недели.

Важно е да запаметите

Веднаш по третманите ќе забележите белузлави меури на местото на третираната тетоважа, проследени со умерено црвенило и оток кои ќе ги снема во текот на 24 часа. Тенок слој краста ќе се појави над третираното место и таа ќе отпадне во следните 2 недели. Во ретки случаеви може да се појави крварење на третираното место. Бледнеењето на тетоважата е постепено и се случува во следните неколку недели по третманот.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. Третманите за ласерско отстранување на тетоважи не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа.

Ризици: црвенило, отоци, purpura, petechiae.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третмани за
Ласерско отстранување тетоважи.

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22™ ResurFX™

Lumenis Stellar M22™ ResurFX™

Lumenis Stellar M22™ ResurFX™

Вашата измазнета кожа повторно сјае

Совршено прилагоден третман за рани знаци на стареење на вашата кожа, со видливи резултати:

Третман

The Stellar M22™ ResurFX™ е решение за фракционо подмладување на кожата кој му овозможува на вашиот доктор да постигне забележителни резултати за подмладена, поздрава и кожа што блеска во полн сјај. Уникатната фракциона технологија за подмладување ResurFX™ неаблативниот метод за обновување на површината на кожата овозможува брз и ефективен третман.

Видливи резултати

The Stellar M22™ ResurFX™ третманот ѝ помага на кожата да ја стимулира регенерацијата на длабинскиот колаген во неколку третмани. Вообичаено, околу 3 сесии се доволно за видливи резултати во мазна текстура на кожата и фините линии. Но, веднаш и по првиот третман ќе забележите разлика во димензиите на вашите пори. Оптимални резултати се постигнуваа по 3-5 сесии во интервал од 4-5 недели. Сепак, резултатите на подобрување ќе ги забележите и во текот на 6 месеци по започнувањето со третманите.

Важно е да запаметите

Веднаш по третманите може да се појави црвенило или оток, во зависност од вашиот индивидуален третман. Отокот се намалува во текот на следните неколку часа по третманот, додека црвенилото веќе следниот ден или во текот на следните неколку дена по третманот. Повеќето пациенти може да продолжат со своите тековни активности веќе истиот ден. Очекувано е вашиот доктор по третманите да препорача да не ја изложувате вашата кожа на сонце и да нанесувате средство за заштита од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. ResurFX™ третмани не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа.

Ризици: црвенило, отоци, лузни или промена во пигментација.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: ResurFX™ третмани

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22™ Фоторејувинација

Lumenis Stellar M22™ Фоторејувинација

Lumenis Stellar M22™ Фоторејувинација

За кожа без дамки

Брз и нежен третман кој дава видливи резултати:

Третман

Stellar M22™ Фоторејувинација (фотоподмладување) третманот му овозможува на вашиот доктор да постигне забележителни резултати за цел спектар на кожни аспекти, како што се дамки од стареење или сонце, пеги, белег од раѓање, Розацеа или испукани капилари. Уникатната IPL (Intense Puls Light) технологија нежно и ефективно ги елиминира дамките, дисколорациите / промените во пигментација и непотребните крвни садови.

Видливи резултати

Stellar M22TM Фоторејувинација третманот ѝ помага на кожата во процесот на отстранување на несовршеностите и во неколку третмани го стимулира колагенот и создавањето на еластичен фибер. Плитката пигментација и дамките од сонце и стареење може да бидат исчистени дури и со 1-2 третмани. Вообичаено, 2-6 сесии со паузи од 2-4 недели се потребни за да се постигнат оптимални резултати.

Важно е да запаметите

Веднаш по третманите може да се појави црвенило, во зависност од вашиот индивидуален третман. Црвенилото вообичаено исчезнува за само неколку часа. Во повеќето од случаите, може веднаш да нанесете шминка и да продолжите со вашите тековни активности уште истиот ден. Очекувано е вашиот доктор по третманите да препорача да не ја изложувате вашата кожа на сонце и да нанесувате средство за заштита од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. Третманите за Фоторејувинацијата не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа.

Ризици: црвенило, отоци, лузни или промена во пигментација.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: Фоторејувинација третмани

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22™ Photofractional™ за стрии

Stellar M22™ Photofractional™
за стрии

Lumenis Stellar M22™ Photofractional™ за стрии

За мазна и блескава кожа

Високо-ефективен третман кој значително го подобрува изгледот на кожата со претходни и нови стрии на:

Третман

Stellar M22TM Photofractional е високо-ефективен метод за подобрување на изгледот на кожата со стрии на различни делови од вашето тело. Оваа уникатна технологија обединува два пристапа, IPL (Intense Pulsed Light) и ResurFX™ неаблативен метод за менување на површината на кожата, со што едно по друго се третираат и текстурата, и бојата на кожата.

Видливи резултати

Stellar M22™ Photofractional за стрии и помага на кожата за да стимулира регенерација на длабинскиот колаген во неколку третмани. Видливиот резултат е замазнување на делот од кожата со стрии, како и подобрување на дисколорацијата која е производ на стриите. Оптимални резултати се видливи по 3 – 5 сесии, реализирани во 2 – 6 недели, а подобрувања ќе забележите секако во следните 6 месеци по третманот.

Важно е да запаметите

По третманите, може да се појават црвенило и отоци, во зависност од вашиот специфичен третман, приспособен специјално за вас. Црвенилото го снемува за неколку часа, додека отоците веќе следниот ден или во текот на следните неколку денови.

По третманите, вашиот доктор ќе ви препорача да избегнувате директна изложеност на сонце и редовно нанесување препарати за заштита на кожата од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. Photofractional™ третманите не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа. Ризици: црвенило, отоци, промена на пигментација, лузни.

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете Photofractional третмани за стрии.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: Photofractional™ третмани за стрии

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22™ Photofractional™

Lumenis Stellar M22™ Photofractional™

Lumenis Stellar M22™ Photofractional™

За сјајна кожа, за ВИЕ да блескате!

Оптимален третман за рани знаци на стареење, со видливи резултати за пигментација, дамки на кожата предизвикани од стареење или изложеност на сонце, брчки и подобрување на општиот изглед на кожата.

Третман

Stellar M22™ Photofractional™ третманот е целосно решение за подмладување на кожата, кој му овозможува на вашиот доктор да постигне видливи и навистина впечатливи резултати за дамки од стареење или сонце, ситни брчки, лузни од акни, нерамнини на кожата и тен. Уникатната технологија за подмладување комбинира две решенија IPL (Intense Pulse Light) и ResurFX™ неаблативен метод за измазнување на површината на кожата со што и тенот и текстурата на кожата може да бидат третирани последователно.

Видливи резултати

Stellar M22TM Photofractional™ ѝ помага на кожата преку стимулација на длабинска регенерација на колагенот. Типично 3 сесии се потребни за видливи резултати во текстурата и во однос на брчките. Оптимални резултати се постигнуваат по 3 – 5 сесии, во интервал од 2 – 6 недели.

Важно е да запаметите

По третманите, може да се појават црвенило и отоци, во зависност од вашиот специфичен третман, приспособен специјално за вас. Црвенилото го снемува за неколку часа, додека отоците веќе следниот ден или во текот на следните неколку денови.

По третманите, вашиот доктор ќе ви препорача да избегнувате директна изложеност на сонце и редовно нанесување препарати за заштита на кожата од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. Photofractional™ третманите не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа. Ризици: црвенило, отоци, промена на пигментација, лузни.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: Photofractional™

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22™ IPL третман за отстранување влакна

LUMENIS STELLAR M22™ IPL третмани
за отстранување влакна

Lumenis Stellar M22™ IPL третман за отстранување влакна

За мазна и блескава кожа

Неинвазивен третман кој ќе го намали растењето на влакната на:

Третман

Stellar M22™ третманот за отстранување влакна е неинвазивен начин како осетно да го намалите растењето влакна, што понатаму за вас значи убава и мазна кожа. Уникатната IPL технологија прецизно ги таргетира фоликулите на влакното, преку бранови светлина кои се абсорбираат во кожата. Понатаму, абсорбираната светлина ги загрева фоликулите кое пак го спречува понатамошниот раст без оштетувања на околното ткиво.

Овој метод е ефективен за црни, кафеави и црвени влакна.

Видливи резултати

Stellar M22™ IPL третманот за отстранување влакна најчесто се спроведува во серија од 4 – 6 сесии, а се постигнуваат одлични долготрајни резултати. Дури и веднаш по првата сесија ќе забележите значително намалување на влакната.

Веднаш по третманите може да се јави мало вцрвенување или оток на третираната регија, но, тоа е само позитивен клинички резултат кој индицира дека фоликулите реагираат на третманот. По третманот, можете да продолжите со вашите секојдневни обврски и активности.

Важно е да запаметите

По третманите, вашиот доктор ќе ви препорача да избегнувате директна изложеност на сонце и редовно нанесување препарати за заштита на кожата од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. IPL третманите за отстранување влакна не се препорачуваат при активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожата и рак на кожа.

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете IPL третман за отстранување влакна. 

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: IPL третман за отстранување на влакна

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22™ IPL третман за акни

LUMENIS STELLAR M22™ IPL третмани за акни

Lumenis Stellar M22™ IPL третман за акни

За блескава кожа и насмевка полна самодоверба!

Нежен, неинванзивен третман на воспалени акни кој успешно:

Третман

Уникатната Stellar M22TM IPL технологија навлегува низ различните слоеви на кожата за да се справи со бактериите, да го намали воспалението или создавањето на кожно масло кое е карактеристично за акните.

Видливи резултати

Во зависност од интензитетот на акните, вообичаено се доволни 4-6 сесии со пауза од 4 недели помеѓу третманите за да се видат јасни подобрувања на вашата кожа.

Иако во повеќето случаи може да имате мало црвенило по третманите, тоа најчесто го снемува за неколку часа, а вие може да продолжите со вашите дневни активности, во ваш ритам!

Важно е да запаметите

По третманите, вашиот доктор ќе ви препорача да избегнувате директна изложеност на сонце и редовно нанесување препарати за заштита на кожата од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. IPL третманите за акни не се препорачуваат при активни вирусни или габични состојби на кожата или рак на кожа.

Ризици: црвенило, отоци и промени во пигментацијата.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: IPL третман за акни

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22 Ласерски третмани

Lumenis Stellar M22 Ласерски третмани

Иновација, која ќе направи да се почувствувате како нова личност! Дознајте повеќе за моќта на ласерските IPL третмани во напредната козметичка ласерска дерматологија.

За вашата кожа да блесне во полн сјај!

закажете третман

Изберете и закажете третман за:

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани