Categories
Естетска Дерматологија

Микродермоабразија

Микродермоабразија

Микродермоабразија

Микродермоабразија е неинвазивна техника на пилинг со симнување на површинските слоеви на кожата со помош на кристали. Со кристалниот пилинг се постигнува отварање на запушените пори со што кожата полесно дише, ја подобрува циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните функции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино целосно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.

Микродермоабразијата се применува за одржување на виталноста на кожата на лицето и вратот, чистење на мрсна кожа со акни, освежување на сува кожа, третирање на површини до средно длабоки бори, третирање на лузни од акни и хиперпигментации.

Времетраење на еден третман на лице е 10-15 минути, лице и врат 20-30 минути.

За постигнување на задоволителни резултати пожелно е пилингот редовно да се практикува на секои 3-4 недели.

Единствен несакан ефект е лесно црвенило кој за неколку часа после третманот исчезнува.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Микродермоабразија

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

SILHOUETTE SOFT NITI

SILHOUETTE SOFT NITI

SILHOUETTE SOFT NITI

SILHOUETTE SOFT NITI се нова, неинвазивна и во светот многу позната метода. Се користи за лифтинг на средниот и долен дел на лице, образи и врат. Со нивно аплицирање се поттикнува производството на колаген, се подигнува тонусот на кожата која станува сјајна, свежа и има подобра структура.

За кога се наменети SILHOUETTE SOFT NITI?

Наменети се за лица со опуштена кожа на долниот дел од лицето, за нагласени назолабијални брчки, при губење на контурите на лицето предизвикани од стареењето. Со самото разградување на конците се поттикнува производството на колагенот. Со SILHOUETTE SOFT конците можат да се нагласат и јагодиците на образите. Тие ни даваат можност да добиеме истакнати јагодици без додавање на голема количина на филер. Со SILHOUETTE SOFT конците јагодиците на образите можат да се подигнат, али и да се нагласи нивниот волумен.

SILHOUETTE SOFT конците можат да се комбинираат со:

  • хијалуронски филери
  • ботокс
  • PRP третман
  • Мезотерапија
  • 3D мезоконци

Ефектот е веднаш видлив и долготраен, а неговото дејство со текот на времето се зголемува.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
SILHOUETTE SOFT NITI

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

Хемиски пилинзи

Хемиски пилинзи

Хемиски пилинзи

Хемиски пилинзи претставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се постигнува измазнување на тенките и средно длабоките брчки, се избледуваат хиперпигментациите, се третираат лузни и акни и други оштетувања на кожата предизвикани од сонце. Тој може да биде супефицијален (површински), средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која се користи, нејзината концетрација, времето на дејствување. Најчесто се употребува на лицето, но може и на вратот, рацете или грбот.

Новата регенерирана кожа која се крие под лушпите е помазна, посјајна и со помалку изразени брчки. Значи освен тоа што ги отстранува старите оштетени слоеви на клетки, тој стимулира и создавање на нов колаген, ја зголемува количината на хијалуронска киселина и го подобрува квалитетот на еластичните влакна, истовремено намалувајќи ги оксидативните оштетувања на кожата.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Хемиски Пилинзи

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

ПРП третман

ПРП Третмани

ПРП третман

ПРП третман е метода  која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин. ПРП или плазма богата со тромбоцити, претставува концентрат на тромбоцити и мала количина на плазма добиена од самиот пациент. Поради употребата на крвна плазма популарно се нарекува „вампирски третман“. За апликација на ПРП се користат мезоигли кои за кожата претставуваат микротраума, која пак го потикнува физиолошкиот процес на зацелување на кожата. Со третманот се стимулираат природните механизми на подмладување и регенерација на кожата што доведува до создавање на нов колаген. Како резултат на ова кожата станува сјајна, еластична и затегната.

 

ПРП третманот се користи и дава значителни резултати и против опаѓање на косата.

Се препорачува пациентот да направи 3-5 третмани, во период на 4-6 недели.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
ПРП Третман

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

Липолиза (Aнтицелулитна мезотерапија)

Липолиза
(Aнтицелулитна мезотерапија)

Липолиза (Aнтицелулитна мезотерапија)

Липолиза или антицелулитна мезотерапија е еден од најефикасните начини за отстранување на целулитот кој претставува како естетски, така и здравствен проблем. Допринесува за чистење и детоксикација на организмот, ја убрзува елиминацијата на отрови, односно токсини и ја подобрува локалната микроциркулација. Липолизата се прави на бутови, стомак и надлактици.

Главна активна супстанца која најчесто се користи е Fostatidilholin (популарно PPC). Неговата улога е разложување на ѕидот на масните ќелии, при што таа се ресорбира и конечно се елиминира од организмот со помош на мокрење. Додатно се користи – karnitin, препарати на силицијум и други активни супстанци со што самиот процес на евакуација на масти и затегнување на кожата би се убрзал.

Добра вест е дека нема ЈО-ЈО ефект, зошто еднаш разградена масна ќелија не може да се поврати.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Липолиза

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

Мезотерапија

Мезотерапија

Мезотерапија

Мезотерапија е процедура која се состои од внес на коктел витамини во средниот дел на кожата (мезодерм), кои се користат за ревитализација, хидрирање и подмладување на кожата на лицето. Има ефект на лифтинг и подигнување на тонусот на лицето со брза и потполна ревитализација на кожата на лицето. Мезотерапијата се користи за подмладување на кожата, за избелување на флеките на лицето и отстранување на отоците околу очите и темните кругови, како и во борба против целулитот. Исто така се користи како превентивна метода за спречување на паѓање на косата и ревитализација на косата преку внес на коктел од витамини во  скалпот на главата.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Мезотерапија

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

Лифтингнити (лифтингконци)

Лифтингнити (лифтингконци)

Лифтингнити (лифтингконци)

Процедура која се користи во естетската медицина за нехируршко поинтензивно затегнување/лифтинг на  поопуштена кожа. Оваа процедура се користи за затегнување на лице, врат, раце (надлактица), стомак, задник, бутови и листови на нозе. Со инјектирање на нитите веднаш се заменува изгубениот колаген и се стимулира производството на нов колаген, кој допринесува кожата да се затегне, а брчките да се видливо намалени.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Лифтингнити

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

3D Мезонити (мезоконци)

3D Мезонити (мезоконци)

3D Мезонити (мезоконци)

3D Мезонити (мезоконци) претставува процедура која се користи во естетската медицина за нехируршко благо затегнување/лифтинг на кожата со примена на мезоконци кои, кога ќе се постават во горниот кожен слој, ја затегнуваат и подигнуваат опуштената кожа.

Со третманот можат да се подигнат и зајакнат зоната кај образите, околу очите, подочниците, вратот и деколтето.

Апликацијата се изведува со тенки иглички, формирајќи мрежа со помош на која вашиот организам создава потполно нов колаген. Конците во кожата постепено се разградуваат во рок од 6-8 месеци, цело време процесирајќи колагенска стимулација која трае и до една и пол година. Вистинскиот ефект се гледа после два месеци од апликацијата, а со текот на времето тој ефект само се зголемува.

Кои се предностите на техниката за подмладување со помош на мезоконци?

Овој начин на затегнување и подмладување на кожата нуди бројни погодности, а некои од нив се:

  • Методата е 100% природна, зошто конците го потикнуваат создавањето на колаген потполно рамномерно и резултатот е природен изглед
  • Процедурата трае кратко
  • Заздравувањето е брзо и пациентите веднаш се враќаат на своите секојдневни активности

Лифтингот со помош на мезоконци може да се комбинира и со другите методи од естетската медицина

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Мезонити (мезоконци)

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

Хијалуронски дермални филери

Хијалуронски дермални филери

Хијалуронски дермални филери

Хијалуронски дермални филери се медицински препарати базирани на хијалуронска киселина, хидрофилна супстанца која врзува за себе голема количина на вода и таа природно се создава во нашиот организам.

Хијалуронската киселина го чува младешкиот, блескав изглед на кожата така што сврзува стотина молекули вода, ја храни кожата и ѝ дава сјај. Предноста на методите со хијалуронска киселина е што нема долго закрепнување како кај хируршките зафати, а се постигнуваат брзи и видливи резултати за ублажување на знаците на стареење. Во естетската медицина хијалуронската киселина се користи за подмладување на кожата преку пополнување и израмнување  брчки на лицето, вратот и рацете. Таа ја подмладува кожата зголемувајќи ја нејзината влажност, еластичност, пополнувајќи ги борите, лузните и дефектите. Брчките полесно се корегираат кога се во почетна фаза, затоа се препорачува користењето на филери со појавата на првите брчки. На тој начин се спречува нивно натамошно продлабочување. Зависно од генетиката, но и од начинот на живот, брчките кај некого се појавуваат порано , кон крајот на 20-ти години, а кај некого доста покасно. Немојте да чекате да брчките го “преплават” вашето лице, реагирајте веднаш. Хијалуронската киселина се користи и за добивање волумен. Најчесто се користи за:

  • подигнување на образите,
  • отстранување на подочњаците,
  • пополнување на јаболчниците,
  • пополнување на усните,
  • корекција на мали неправилности на нос,
  • oтстранување на назолабијалните брчки

Исто така се користат и ревитализирачки филери кои се т.н. потврди филери кои во естетската медицина се користат за затегнување и пополнување. Детална анализа на лицето и комбинација на различни напредни техники на инјектирање се составен дел од работата на Етерна клиник – Белград Скопје.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Хијалуронски дермални филери.

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани

Categories
Естетска Дерматологија

Ботокс

Ботокс

Ботокс

Ботокс е прочистен протеин кој доаѓа од бактеријата Clostridum Bgotulinum и претставува нехируршки третман. Ботулинскиот токсин го блокира нервниот импулс кој доведува до контракција на мускулите, што пак доведува до мускулна релаксација, а со тоа кожата има посвеж изглед и ефект на затегнатост. Ботоксот се аплицира на челото, околу очите, долна третина од лицето. Третманот има широка примена: подигнување веѓи, корекција на корен на нос, т.н gummy smile, како и при третман на хиперхидроза, односно прекумерно потење (пазуви, стопала и дланки).

Како лицето не би делувало „смрзнато”, неопходно е правилно да се аплицира адекватна доза, за што е пресудно искуството на лекарот. Првите ефекти се приметуваат после 3-7 дена, додека потполн ефект се постигнува после 10-15 дена. Самата процедура на аплицирање на ботоксот зависи од регијата која се третира, но обично трае 15-20 минути.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Ботокс.

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани