Скратување на челната површина е индикација кај пациент кај кои се многу видливи силно изразени старечки и длабоки брчки кои не можат да бидат санирани со ниту еден анти ејџ третман. Во овој случај пристапуваме кон изведување на челен лифтинг, скратување на површината на поглавината и спуштање пониско на фронталните линии. Цел на оваа естетска корекција е да се добие посвеж младешки изглед и брчките на челото максимално да се ’’затегнат’’ или да се ’’камуфлираат’’.
Корекцијата дава одлични резултати доколку се искомбинира со АХТ трансплантација.
Ова е изводливо во ист акт. Земање на анамнеза, предоперативна подготовка и предоперативно исцртување се првите чекори кон интервенцијата. Самата интервенција се изведува со општа аналгоседација или локална анестезија. Се завршува со отсекување на вишокот кожа на што се шијат истите во слоеви и превивање на донорската регија доколку се работи за АХТ трансплантација на коса во ист акт.
Постоперативниот третман бара малку построго придржување кон посебен хигиенски и диететски режим, нега и на донорската регија и на предната сутурна линија како и нега за сочувување на новите пресадени фоликули. Се дава антибиотска терапија, аналгетици по потреба, хидратација на организмот и терапија против отоци.
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани