Естетски процедури и корекциите кои се користат кога е во прашање кожата на лицето, може да ги поделиме во две групи:
Лифтинг на лице припаѓа на друга група процедури. Со помош на оваа техника кај пациенти кај кои има индикации за ваква операција се постигнува ефект на затегање на лицето, подмладување, се отстранува вишок на кожа, лицето добива младешки контури, свежина и едрост. Самата оперативна техника и ефектите од неа долгорочно претставуваат голем предизвик и за пластичните хирурзи.
Статистиката покажува дека лифтингот на лице заедно со операцијата на нос и аугментација на гради, на планетарно ниво е една од најбараните естетски корекции. По прегледот и разговорот меѓу пациентот и хирургот, на пациентот му се објаснува начинот и пристапот на операцијата. Се упатува на анестезиолошки преглед, му се воочуваат компликациите, и му се предочува постоперативниот тек.
Операцијата за затегнување (лифтинг) на лице најчесто се изведува во општа анестезија, а неретко некои хирурзи ја прават со локална анестезија. Треба да нагласиме дека процесот на стареење и пропаѓање ги опфаќа сите кожни и поткожни структури, па дури и стареењето и пропаѓањето на коскениот дел на лицето, меѓутоа со лифтингот на лице не може да се манипулира на коскените делови (за тоа се користи аугментивни техники со хијалуронска киселина, маст итн.).
Лифтингот на лице (face lifting) e процедура со која се постигнува затегнување на кожата и подкожното масно ткиво, со или без манипулирање на СМАС при што се отстранува вишок на кожа, со криење на белези во природните набори на кожата.
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани