Неколку знаци на стареење се многу воочливи кога е вратот во прашање: опуштена кожа на вратот, хиперпигментација, паралелни брчки во облик на ѓердан како цилиндрични линии една под друга.
Кога ќе се исцрпат сите анти-ејџинг процедури за затегнување и подмладување на вратот како мезотерапија, хемиски пилинг, ПРП третмани, целуларен матрикс, како и одредени ласерски третмани, се пристапува кон хируршко затегнување на вратот (лифтинг на врат).
Лифтинг на врат е хируршка процедура со која се постигнува затегање на сите слоеви на кожата и поткожата на вратот, како и отстранување на вишокот кожа. Со останатите анти-ејџинг процедури се постига подобрување на квалитетот на кожата на самиот врат.
Самиот лифтинг на вратот може да биде самостојно одработен или во рамките на поголем и опсежен лифтинг на лице.
После земената анамнеза, се пристапува кон предоперативното исцртување и планирање. Следниот чекор е давање на општа анестезија и после тоа се пристапува кон оперативниот зафат.
Постоперативниот период бара антибиотска, аналгетска и хидратациска терапија, како и мирување и посебен хигиенски-диететски режим.
Можни компликации:
Сите компликации кои се случуваат кога е во прашање опсежен хируршки лифтинг на лице, а како сегмент во таа операција се вбројува и лифтинг на вратот.
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани