Дермолипектомија - отстранување на вишок кожа

Add Your Heading Text Here

Кандидати за абдоминална дермолипектомија се лица со опуштен и лабав стомак, стрии и опуштени мускули. Најчесто е резултат на една или повеќе бремености, нагло или големо и интензивно слабеење.

Во однос на обемот и големината на зафатениот регион, самата дермолипектомија може да се подели на:

  • МИНИ ДЕРМОЛИПЕКТОМИЈА
  • ЦЕЛОСНА ДЕРМОЛИПЕКТОМИЈА

МИНИ ДЕРМОЛИПЕКТОМИЈА

Ова е помалку агресивна и помалку обемна процедура. Првично, резултатите од оваа техника беа малку ограничени, но со откривањето на липосукцијата и ендоскопските техники, оваа метода доживува експанзија во светот на естетските корекции.

Обележувањето на пациентот секогаш се врши во стоечка положба. Целта на обележувањето, во овој случај, е да се скрие лузната во линијата на долната облека. По исцртување и проверка на симетријата, продолжуваме кон првите инцизии (засеци) под општа анестезија. Хирургот и анестезиологот и нивните тимови постојано ги следат виталните параметри на пациентот. Операцијата завршува со педантна хемостаза, поставување на дренови и шиење на кожата. Веднаш по операцијата потребно е да се стави појас на стомакот. Пациентот е во полуседечка положба 24 часа по операцијата. Дреновите се отстрануваат 24-48 часа по операцијата, а по еден месец пациентот може да се врати на секојдневните активности.

Можни компликации:

  • инфекција на раната
  • отворање на раната
  • хематом
  • некроза (пропаѓање) на кожата и поткожното ткиво
  • оштетување на нервите на кожата

ЦЕЛОСНА (СТАНДАРДНА) АБДОМИНОПЛАСТИКА

Во секоја смисла и во секој поглед абдоминопластиката претставува многу сигурна оперативна техника каде бенефитот по успешното извршување е навистина голем.

По исцртувањето и подготовката се започнува со засек според цртежот. При самата интервенција умбиликусот се сече и привремено се зашива поради стерилност. Продолжувањето на хируршката процедура е речиси исто како и кај мини абдоминопластика. Завршува со поставување на два дренови за аспирација.

Можни компликации:

  • инфекција на раната,
  • отворање (дехисценција) на раната,
  • хематом,
  • некроза (пропаѓање) на кожата и поткожното ткиво,
  • оштетување на нервите на кожата.

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани