Трансплантација на влакна на телото

Add Your Heading Text Here

Што е трансплантација на влакна на телото?

Трансплантацијата на влакна од телото е опција за третирање на случаи на напредна форма на ќелавост со недоволна донорска површина на скалпот. Во ChoiExpert ја предлагаме оваа процедура како алтернативен и дополнителен извор за екстракција на влакна. Делови од телото коишто можат да се користат како дополнителни извори се брадата и градите.

Екстракција од брадата

Екстрахираните графтови се само 20-30% од постојните влакна, односно нема видливи празнини или лузни, но може да дојде до одвај забележливо проретчување. Графтовите коишто се екстрахираат од брадата содржат само едно или две влакна. Како резултат на фактот што влакната од брадата се подебели од оние од главата, не можеме да ги користиме на фронталната регија. Сепак, графтовите може да се користат на задниот или средниот дел од главата за зголемување на густината.

Екстракција од градите

Графтовите земени од пределот на градите се потенки и пократки од оние на брадата и скалпот. Исто така, како резултат на фактот што фоликулите на влакното се кадрави и не се поставени под посебен агол под кожата, многу е тешко да се предвиди бројот на графтови што може да се екстрахираат.

Ова ја прави целата процедура многу сложена и потребно е да ја изведуваат само високо обучени и искусни лекари. И покрај фактот што екстракцијата од градите може да се смета за опција, таа е последната опција кон којашто се прибегнува.

Генерално гледано, иако постои разлика меѓу квалитетот, па дури и стапката на трајност на графтовите екстрахирани од градите или брадата во споредба со оние екстрахирани од скалпот, во многу напредни случаи, графтовите од овие делови од телото може да бидат корисни.

Периодот на заздравување на донорската област по сесијата во секој случај е 3-7 дена.

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани