Етерна Белград – Скопје е Центар за пластична хирургија и естетска медицина, кој ги исполнува највисоките критериуми и стандарди за современа медицинска установа.
Тимот составен од докажани и реномирани домашни и странски доктори применува напредни методи и иновативни пристапи, со најсовремена сертифицирана медицинска технологија, за веднаш да се уверите дека кај нас вашите убавина и здравје се приоритет со кој нема компромис.
Во сржта на нашата филозофија е посветено да се грижиме за вашето здравје, за да ви дадеме чувството на сигурност и самодоверба преку акцентирање на вашата уникатна природна убавина.
ФУЕ трансплантацијата на небричена коса од ChoiExperts е идеален начин да го решите
проблемот со опаѓање на косата без никој да знае дека сте се подложиле на хируршка
интервенција. Кандидати за оваа процедура може да бидат жени, луѓе кои се занимаваат
со шоу-бизнис, политика, истакнати професионалци и сите кои веднаш по процедурата
мора да се вратат на своите секојдневни обврски.
Трансплантацијата на небричена коса може да ја вршат само лекари со огромно искуство
за ваков тип на трансплантација, за кој што е потребно голема прецизност и рутина, како
би можело да се даде значителен резултат без оштетување на останатите фоликули на
главата.
Процесот на вадење импланти или со медицинска терминологија екстирпација на биополимери секогаш се одвива во стерилни болнички услови. Претставува хируршка интервенција која се изведува со локална анестезија. По самото вадење на вештачкиот материјал од усните се шијат ивиците на раната.
Локално се аплицира антибиотска маст и пожелна е орална антибиотска терапија поради несакани бактериски инфекции.
Една од најчестите компликации која се евалуира и пред самото вадење на биополимерите е асиметрија. Појава на гранулом и миграција на самиот материјал (аплицираниот биополимер буквално се придвижува од своето примарно лежиште и дава неприроден изглед и вештачки изглед).
Контактирајте не на телефонскиот број: +389 75 33 43 43 или на нашата е-пошта: info@eternaclinic.mk
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани