Микродермоабразија

Микродермоабразија

Микродермоабразија е неинвазивна техника на пилинг со симнување на површинските слоеви на кожата со помош на кристали. Со кристалниот пилинг се постигнува отварање на запушените пори со што кожата полесно дише, ја подобрува циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните функции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино целосно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.

Микродермоабразијата се применува за одржување на виталноста на кожата на лицето и вратот, чистење на мрсна кожа со акни, освежување на сува кожа, третирање на површини до средно длабоки бори, третирање на лузни од акни и хиперпигментации.

Времетраење на еден третман на лице е 10-15 минути, лице и врат 20-30 минути.

За постигнување на задоволителни резултати пожелно е пилингот редовно да се практикува на секои 3-4 недели.

Единствен несакан ефект е лесно црвенило кој за неколку часа после третманот исчезнува.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Микродермоабразија

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани