Секундарна септоринопластика

Add Your Heading Text Here

Поради самата комплексност, анатомија и функционалност на носот, поради различни хируршки техники кои се користат за секое врзно ткиво посебно, често пати се случува да не го добиеме саканиот ефект. Ефектите на кои сме се надевале како по функционалност, така и естетски често изостануваат по првата операција на носот.

Операција на нос – Барби нос.

Во тој случај пристапуваме кон друга операција
т.е. секундарна ринопластика

Карактеристики на секундарната септоринопластика се:

  • Минимално време кое се препорачува да измине од првата до секундарната ринопластика е една година.
  • Во корекција на деформитети, се користи само автоген материјал (рскавица од септум, уво или ребра, дермални графтови, коскени графтови од мекото ткиво на главата – поглавината).

Доколку се користат алопластични (вештачки материјали), компликациите се поголеми.

  • Хируршка дисекција на ткивото, како и самата хируршка манипулација мора да бидат сведени на минимум. Причините зошто е тоа вака се затоа што по операцијата на носот имаме пореметена васкуларизација на ткивата и зараснувањето е отежнато.
  • Се препорачува отворен оперативен пристап. 

Можните компликации се целосно идентични како и компликациите кај првата операција на носот.

  • Крварење (хеморагија)
  • Инфекции
  • Ирегуларна корекција

Постоперативниот тек е целосно идентичен како кај првата операција на носот.

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани