Операција на носот - Септоринопластика

Операција на носот – Септоринопластика

Носот претставува најисфрлениот дел на лицето. Самата операција е најкомплицирана интервенција од сите други естетски и корективни операции од повеќе причини.

При секоја средба и остварување на секаква вербална комуникација, фокусот на соговорникот секогаш паѓа на носот, баш поради неговата централна поставеност. Што се однесува до самата анатомија на носот, таа е многу комплицирана баш поради фактот дека се застапени скоро сите анатомски ткива. Секое од нив подлежи на посебни оперативни техники кои се единствени и специфични.

Носот после било која естетска корекција, мора првенствено да ја сочува својата основна функција, а тоа е да биде почетна станица на респираторниот тракт. 

Освен во процесот на дишење, носот претставува и сетилен мирисен орган.

Кога се врши класична хируршка корекција на нос, постои ризик од засилено крварење. Меѓутоа, операцијата на нос со ласер е метода со помош на која оваа непријатност и компликација се решава ефикасно. Со други зборови, ласерската операција на носот му овозможува на хирургот поголем степен на комфор во текот на интервенцијата, поради немање крварења и смалени штетни последици од зафатот.

Операција на носот – Однос на пациентот кон естетската корекција на носот

Ова претставува многу комплициран сегмент што се однесува до сите естетски корекции, а особено кога е во прашање операција на носот затоа што самите пациенти често прават одредени грешки (бараат премал нос, бараат нос кој не се подудара со моменталните антропометриски мерки кои се различни за различни раси, носат слика и покажуваат како би сакале да изгледа нивниот нос, а притоа  воопшто не го споредуваат со сопствениот физички изглед.   

Успехот на секоја операција е темелниот разговор со пациентот ако е потребно и повеќе пати, внимателно слушање на неговите желби, предлог на можности кои доаѓаат предвид и добро да се процени дали пациентот има реални или нереални очекувања.

Операцијата на носот се изведува под општа анестезија. Анестезија се дава на пациентот после предоперативните подготовки и на направениот оперативен план. Постојат повеќе техники што се однесуваат на изведувањето на самата операција, но во главно се работат отворени или затворени техники (во зависност од објективните индикации).

Барби усни или Руски усни?

Постоперативен тек

По завршувањето на операцијата во самите носни ходници се поставуваат масни гази, а на самиот нос однадвор т.е. на носната пирамида која подлежи на одредени естетски корекции се поставува гипсена маска или одредена плочка која има за цел да го фиксира и стабилизира носниот дел кој бил третиран.

Се даваат капки за нос кои се користат по вадење на масните гази од носот, антибиотска терапија по потреба и лекови против отоци и изразени хематоми како и отоци во регијата околу носот. Ова не би требало да ги исплаши или испаничи пациентот затоа што тоа е сосема очекувана реакција на организмот после операцијата баш поради специфичноста на истата регија и поради манипулацијата со носните анатомски делови во текот на самата интервенција. 

Она што секогаш треба да му се предочи на пациентот е дека финалниот изглед носот го добива меѓу 6-12 месеци после операцијата. 

Операција на врвот од носот

Освен тврдиот коскен дел на носот, носот поседува и т.н. ’рскавичен мек дел. Меката ’рскавица е најзастапена на врвот на носот и таа подлежи на одредени корективни пристапи.

Без разлика дали се работи за првата или секундарната септоринопластика, операцијата на врвот на носот може да се направи во рамките на тие операции или како посебна естетска корекција. 

 

Она што хирургот го постигнува кога ја работи операцијата на носот е:

 

  • Менување на проекцијата на врвот на носот (Го менуваме типот на проекција на носот во однос на останатите структури на лицето).
  • Смалување на проекцијата на носот (во главно се користи редукција на внатрешноста на рскавицата за да се постигне овој ефект
  • Корекција на ротацијата на носот

По претходно земени добри анамнези и извршени прегледи во услови на општа анестезија се прави операција со максимална почит кон комплетниот постоперативен протокол.
Од можните компликации по операцијата, најважни се компликациите кои се однесуваат на респираторната и сетилната функција на носот. (кога пациентот има потешкотии со дишењето и сетилото за мирис).

Кога е оваа операција во прашање, исклучително е важно да има индивидуален пристап кон секој пациент.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Операција на носот - Септоринопластика

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани