Операција на врвот на носот

Операција на врвот на носот

Операцијата на врвот на носот е многу барана корекција во денешно време, затоа што носот е централен дел на лицето и од него зависи целата геометрија и перцепција за изгледот.

Врвот на носот се разликува од личност до личност и често се случува изгледот на носот некому да не му се допаѓа и да сака поинаков врв на нос.

Природата на секој од нас му дала различен нос со различен облик, но секоја девојка сака мал прчест нос.

Оперативна процедура на врвот од носот

Освен тврдиот коскен дел на носот, носот поседува и т.н. ’рскавичен мек дел. Меката ’рскавица е најзастапена на врвот на носот и таа подлежи на одредени корективни постапки.

Без разлика на тоа дали се работи за прва или секундарна септоринопластика, операцијата може да се одработи во рамките на тие операции или како посебна естетска корекција.

Она што хирургот го постигнува кога е во прашање операцијата на врвот од носот е следново:

  • Промена на проекцијата на носот (го менуваме типот на проекција на врвот на носот во однос на другите структури на лицето).
  • Се смалува проекцијата на врвот на носот (во главно се користи редукција на внатрешноста на ’рскавицата за да се постигне овој ефект).
  • Корекција на ротацијата на носот.

По претходно добро земени анамнези и извршен преглед во услови на општа анестезија, се прави операција со максимално почитување на комплетниот постоперативен протокол.

Компликации по операцијата

Од можни компликации по операцијата, најважни се компликациите кои се однесуваат на респираторната функција на носот и осетните компликации (кога пациентот има потешкотии при дишењето и видно е изменето сетилото за мирис).

Кога е оваа операција во прашање, многу е важен индивидуалниот пристап кон секој пациент.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Операција на врвот на носот

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани