Липоскулптура на лице

Липоскулптура на лице

Контурирање на лицето е секако една од најинтересните хируршки и нехируршки техники и вистински предизвик за пластичните хирурзи. Кога контурирањето се прави во ординациски услови, тогаш тоа се прави со вмрежена хијалуронска киселина или со популарните филери во услови на топична анестезија.

Доколку за контурирање, односно за разубавување на лицето користиме автологно ткиво од пациентот, тогаш таа процедура мораме да ја извршуваме во болнички услови и со аналгоседација или со општа анестезија. Врз основа на продуктот, т.е. масното ткиво кое се трансферира оваа процедура го добила називот липоскулптура.

Со липоскулптура можеме да контурираме одредени делови на лицето, како што се јагодиците, да ја истакнеме и потенцираме долната вилица, да ги пополниме назолабијалните брчки и да додадеме волумен во средната третина на лицето, да додадеме масно ткиво во челото и сето тоа со цел за разубавување на лицето. 

Како и со секоја друга интервенција, после внимателно земена анамнеза се пристапува кон предоперативно исцртување на пациентот. Во првиот акт се прави липосукција на одредени делови на телото со кои пациентот не е задоволен (стомак, бутови, колкови, врат, грб, глутеалната регија) потоа се пристапува кон процес на обработка на самото масно ткиво и подготовка за липотрансфер. По уфрлањето на масното ткиво се врши блага масажа и распоредување, односно обликување на саканите регии за ефектот да биде што подолг и што подобар.   

Во постоперативниот период не се бара многу. На пациентот му се предлага мирување, хидратација на организмот, умерена и балансирана исхрана, антибиотска терапија и лекови против болка.

Со липоскулптура можеме да контурираме одредени делови на лицето, како што се јагодиците, да ја истакнеме и потенцираме долната вилица, да ги пополниме назолабијалните брчки и да додадеме волумен во средната третина на лицето, да додадеме масно ткиво во челото и сето тоа со цел за разубавување на лицето. 

Можни компликации

  • Болка
  • Оток
  • Црвенило
  • Хематом
  • Претерана корекција – ако се претера со количината на вбризгана маст
  • Асиметрија
  • Инфекција

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Липоскулптура на лице

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани