Затегање (Лифтинг) на лице и врат со конци

Затегање (Лифтинг) на лице и врат со конци

Затегање или лифтинг со конци е револуционерна метода за затегање на лице и врат за само 30 мин. Техниката која по се судејќи би можела да биде добра алтернатива на класичниот лифтинг на лице и по резултатите и по времето на изведба, а секако и по финансискиот аспект.

Надворешните фактори, влијанието на гравитацијата, стресниот начин на живеење на модерниот човек, доведуваат до тоа што понекогаш имаме премалку време да си посветиме на нашиот надворешен изглед и во еден момент да станеме незадоволни со нашата слика во огледалото. Млитава, опуштена кожа, спуштени капаци и збрчкан врат се често последица на неадекватна нега, нездрав живот, стрес и многу други фактори.

Од друга страна развој на естетската идеја прогресивно отиде толку далеку да сега постои и алтернативно решение на класичниот лифтинг на лице, а тоа се Силуете меките конци (Silhouette soft niti). Тие претставуваат конци со одредени конусни делови во 2 правци. Може да се користат за подигање на долниот и горниот масив на лицето, за затегање на вратот и за подигање на веѓите.

Процедура на затегање на лице и врат со конци

Самата процедура на затегање на лице и врат со конци се изведува во болнички услови. По апликацијата на локална анестезија се пристапува кон аплицирање на мали дози 0.2 локална инфилтративна анестезија (Лидокин – адреналин), така што комплетната регија се третира обезболена. Во стерилни и безболни услови се изведува аплицирање на еден или повеќе пара од овие Силуете меки конци.

Се предизвикува затегање на третираните регии на лицетои вратот, репарација, регенерација и ревитализација. Тие се во ткивото присутни некои 8-12 месеци, а потоа целосно се разградуваат во организмот. Ефектот на затегање и подмладување на лицето и вратот почнува да се воочува после 2 месеца и трае до 3 години па и повеќе (зависи од индивидуална реакција).

Затегање на лицето и вратот со конци може да се повтори повеќе пати

Не постои ограничување во кои години смее да се прави затегање на лице и врат со конци.

Контрадикторно е кај пациенти кај кои е присутна локална кожна инфекција, автоимуни болести, имуносупресивни личности и личности кои се на антикоагулантна терапија.

По апликацијата на овие конци, влезното место се затвара со специјален фластер кој не се вади 24 часа. Пациентот веќе следниот ден се враќа на своите секојдневни активности, со пропишана антибиотска терапија и совети. Шминка е дозволена после 48 часа.

Ефекти на класични холивудски лифтинзи на лице сега се многу пристапни, помалку болни и помалку чинат, а ефектите кои се добиваат по третманот корисниците ги споредуваат со вистинските холивудски диви и нивните насловни страни.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Лифтинг на лице и врат со конци

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани