Вадење на имплант од усните

Вадење на имплант од усните

како што тече растот и развојот на естетската хирургија, така напредувала и технологијата за производство на материјали и нивната примена во естетската хирургија.

Кон крајот на деведесеттите години и почетокот на новиот милениум на голема врата во светот на естетиката влегоа материјалите за аугментација т.е. пополнување. Овој тренд вртоглаво се качи на самиот трон што се однесува до естетиката. Скоро и да не постои позната медиумска ѕвезда која се нема подложено на третман со биополимери. Тука се метал акрилати, течен силикон, и слични други трајни но пред се вештачки материјали.    

Пополнување на усните со овие материјали беше еден од најбараните третмани.

Ерата на биополимерите е завршена одамна. Како што е објавено, нус појави и компликации кои овој препарат ги дава се многу поголеми од самите ефекти. За илустрација, Хрватска во 1992 година била земја која последна ги исфрлила и забранила за употреба биополимерите со префикс ’’канцерогени’’, а сите други земји од ЕУ тоа го  имаат направено многу одамна.

Оперативна процедура за вадење импланти од усни

Процесот на вадење импланти или со медицинска терминологија екстирпација на биополимери  секогаш се одвива во стерилни болнички услови. Претставува хируршка интервенција која се изведува со локална анестезија. По самото вадење на вештачкиот материјал од усните се шијат ивиците на раната.

Локално се аплицира антибиотска маст и пожелна е орална антибиотска терапија поради несакани бактериски инфекции.

Една од најчестите компликации која се евалуира и пред самото вадење на биополимерите е асиметрија. Појава на гранулом и миграција на самиот материјал (аплицираниот биополимер буквално се придвижува од своето примарно лежиште и дава неприроден изглед и вештачки изглед).

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Вадење на имплант од усните

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани