Операција на очни капаци во пластичната хирургија меѓу другото подразбира функционално и естетско отстранување на вишокот кожа и на вишокот масти во горните и долните капаци.
Пред секоја оперативна процедура, се прават предоперативни процедури, се прави предоперативен план на работа, се прават дополнителни прегледи во смисла кои анатомски структури е потребно да се коригираат, да се сведе на минимум ризикот од можни компликации, се разгледуваат евентуалните болести на окото и систематски болести на врзните ткива. На крај од сите прегледи се прави специфичен Шимеров тест со помош на кој одредуваме која количина на физиолошки солзи се продуцира (10 мл за 5 мин).
По уредното испитувања и предоперативни подготовки, се изведува оперативниот зафат. Во корелација со анестезиолог, операцијата може да се изведе со локална, општа анестезија или аналогоседација.
Постоперативниот период е исто така многу значаен. Сосема е очекувано во тој период да перзистира периорбитален едем кој делумно влијае на опоравувањето. Околу 48 часа по операцијата, главата на пациентот треба да биде елевирана – подигната. Локално може да се аплицираат антибиотски масти. Вадењето на конците е 7 дена после операцијата. По вадењето на конците, пациентот се враќа на секојдневните активности.
Ефектите на горната и долната блефаропластика може да траат и до 15 години по извршената интервенција.
Со текот на годините доаѓа до опуштање на кожата на долните очни капаци. Кожата можеби е и најтенка баш на овој дел од човечкиот организам, затоа процесот на стареење е многу изразен во оваа регија. Кожата изгледа набрчкана, млитава, со темна обоеност поради наталожени токсини и отпадни продукти на метаболизмот. Така пациентот изгледа уморно, со тажен поглед и постар одошто е. Ваков пациент е идеален кандидат за подмладување на долните капаци со т.н. долна блеферопластика.
Самата интервенција почива на предоперативните подготовки и анализи, предоперативното планирање и исцртување на пациентот. Интервенцијата може да се направи со општа анестезија, локална анестезија и аналогоседација и со тоа да се обезбеди комфор кој е идеален за пациентот и за хирургот.
Постоперативниот период е исто така многу значаен. Сосема е очекувано во тој период да перзистира периорбитален едем кој делумно влијае на опоравувањето. Околу 48 часа по операцијата, главата на пациентот треба да биде елевирана – подигната. Локално може да се аплицираат антибиотски масти. Вадењето на конците е 7 дена после операцијата. По вадењето на конците, пациентот се враќа на секојдневните активности.
Со долна блеферопластика т.е.подмладување на долната орбитална регија и решавање на проблемот со опуштена кожа, уморен и несакан израз и поглед го решаваме на минимум 15 години, што исклучително влијае на подобрување на квалитетот на животот на пациентот.
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани