Операцијата редукциона мамопластика се изведува под целосна анестезија. По предоперативни прегледи, изготвување на план за интервенција и давање на анестезија, се започнува операцијата која завршува со педантна хемостаза (запирање на крварење од крвните садови) и шиење на кожата.
Можни компликации:
Доколку оперативниот хирург и неговиот помошник донесат одлука, водени од индикациите и предоперативното планирање, дека операцијата за намалување на градите може да се изврши под локална анестезија, се пристапува кон такво планирање на самата оперативна процедура. Генерално, во вакви случаи се работи за помали интервенции, каде што времето кое што му е потребно на хирургот за успешно извршување на операцијата е значително помало.
Уште една добра страна на овој тип на операција за редукција на дојките е тоа што за време на самата интервенција, пациентот е буден и контактибилен, свесен, не чувствува болка, но не е седатиран.
Самиот чин на операција за редукција со локална анестезија подразбира побрз, условно кажано, поблаг постоперативен тек.
Можни компликации се секако истите оние што би се случиле доколку операцијата за намалување на дојките се изведува под целосна анестезија:
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани