Зголемување на задник со импланти – Ако Памела Андерсон беше синоним за луксузно и бујно деколте, и суверено владееше на крајот на деведесеттите како неприкосновен секс симбол, денес тој примат дефинитивно го презеде старлетата со ерменско потекло Ким Кардашијан токму поради естетската матрица што ја форсираме – големи сочни усни, јаболчници, тенок и тесен струк и секако голем обем на задникот.
Зголемувањето на задникот со помош на импланти започнува на самиот преглед, каде пациентката ги изразува своите желби, хирургот своите опции и на крајот заедно го избираат обликот, формата и големината на имплантот што ќе се стави. Довербата и меѓусебното разбирање помеѓу пациентот и пластичниот хирург е дефинитивно императив за секоја соработка.
Избраниот имплант мора да одговара на градбата на пациентот. Мора да поседува сертификат дека е биолошки исправен, дека е лесен за манипулирање при самата интервенција, дека е безбеден, дека не предизвикува никакви алергиски реакции или можност да биде отфрлен од телото на пациентот.
По завршувањето на анамнезата и прегледот, пациентот се обележува, секогаш во стоечка положба и пред огледало за да и самата пациентка е запознаена со можните ефекти по самата операција. Најчесто оваа интервенција се изведува под целосна (општа) анестезија, а многу поретко под аналгоседација. Интервенцијата започнува со почетен засек, по што следи вметнување на имплантот и завршува со финален засек на кожата.
Како и со секоја операција, можноста за одредени компликации е исто така многу можна:
Можни компликации се јавуваат и кога пациентот не ги следи упатствата во постоперативниот период.
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани