Градите отсекогаш биле симбол на женственост, сензуалност, мајчинство, а речиси и да нема жена која не би сакала да има убави гради кои се во согласност со нејзините пропорции.
Кога станува збор за градите, постојат приближно две процедури:
Од 1962 година, кога е направена првата протеза, до денес, зафатите на градите буквално достигнаа неверојатен напредок.
Предоперативната евалуација на пациентката вклучува анамнеза, за можни поранешни проблеми поврзани со градите.
Физичкиот преглед треба да ја вклучи структурата на телото како целина, со фокус на димензиите и обликот на градниот кош. Посебен акцент се става на големината, обликот и изгледот на т.н. nipple – aerola compleksa (брадавици).
Големината на имплантот ја одредува хирургот во договор со пациентката, почитувајќи ги нејзините желби, како и објективните можности (на пр. конституцијата на градниот кош).
По правилно планирање и исцртување, како и по целосна анестезија, хирургот и неговиот асистент, како и анестезиолошкиот тим, продолжуваат со операцијата за зголемување на градите.
Постоперативен третман – преврзувањето по операцијата за зголемување на градите зависи од носење појас, до големи оклузивни завои.
Масажата на градите е неопходен дел од постоперативната нега. Овој третман започнува 24 часа по процедурата, и секој ден во тек на 6 месеци. Градите се масираат два пати на ден по 10-15 минути.
Редукција на гради (редукциона мамопластика) е операција која подразбира намалување на градите, заедно со преместување и зачувување на брадавиците. Важен сегмент од оваа операција е зачувувањето на функционалната сензибилност и способноста за лактација, т.е. доење.
Индикации за оваа операција се:
Градите се сметаат за големи ако надминуваат 500 гр. Најчесто градите се зголемуваат за сметка на масното ткиво. Зголемените гради влијаат на квалитетот на животот, доведуваат до непријатни болки во грбот и рамената, отежнато дишење, промени на кожата.
Операцијата за намалување на гради се прави со целосна анестезија. По предоперативни прегледи, правење план за интервенција, исцртување и давање анестезија, се започнува операцијата која завршува со педантна хемостаза (запирање на крварење од крвните садови) и шиење на кожата.
Конците се отстрануваат 10 дена по операцијата и се препорачува хигиенско-диететски режим, со постепено враќање на секојдневните активности.
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани