„BROW LIFT“ – Подигање на веѓи

Подигање на веѓи

Цел на добрата естетика е да постигне максимални ефекти со минимално инвазивни техники

Brow lift претставува иновативна, оперативна техника во светот на естетските корекции, со помош на која може да се постигне подигање, лифтинг на веѓите. Со време доаѓа до насобирање вишок на кожа во пределот кај веѓите, паѓа надворешниот агол на веѓите, влакната обелуваат и се добива тажен и спуштен поглед, кој поради секојдневната земјина гравитација станува се по воочлив.

Со Brow lift техниката сите овие регресивни промени може да ги подобриме и за кратко време да го вратиме свежиот и млад изглед.

Како и пред секоја хируршка интервенција, се прави предоперативен план на самата операција и исто така предоперативно пациентот се обележува. Анестезијата која се спроведува над пациентот може да биде локална или аналгоседација (многу пријатна, пружа поголем комфор на пациентот и на хирургот).

Во зависност од анестезијата, пациентот би можел да се отпушти од болницата неколку часа по завршување на процедурата или веќе следниот ден.

Можни компликации кои се со минлив карактер се:

  • Благ оток
  • црвенило
  • блага отрпнатост на челниот дел

Пациенти кај кои е спроведена оваа операција се секако мажи и жени кај кои е изразен уморен или лут израз на лицето, спуштени капаци, спуштени веѓи и збрчкано чело.

По завршувањето на интервенцијата, на пациентот се ординира антибиотска системска терапија, како и локално нанесување на антибиотска маст. Вадење на конците се прави 7 дена после операцијата. Потоа пациентот би можел нормално да се врати на своите секојдневни активности.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Подигање на веѓи

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани