Операција на очни капаци

Операција на очни капаци

Отворен и бистар поглед отсекогаш бил еден од критериумите преку кој се дефинира убавината
... дозволете да ви се случи убавина...

Операција на очни капаци во пластичната хирургија меѓу другото подразбира функционално и естетско отстранување на вишокот кожа и на вишокот масти во горните и долните капаци.

РАЗЛИКУВАМЕ ГОРНА И ДОЛНА КОРЕКЦИЈА НА КАПАЦИТЕ – БЛЕФАРОПЛАСТИКА

Цел на секоја блефаропластика:

  • Корекција на проблеми врзани со вишок на кожа, хипертрофија на мускули и протрузија на масти
  • Добро да се позиционираат линиите на рез (да се сокријат резовите) да не се гледаат
  • Воспоставување на симетрија на очите
  • Подобрување на изгледот на пациентот

Пред секоја оперативна процедура, се прават предоперативни процедури, се прави предоперативен план на работа, се прават дополнителни прегледи во смисла кои анатомски структури е потребно да се коригираат, да се сведе на минимум ризикот од можни компликации, се разгледуваат евентуалните болести на окото и систематски болести на врзните ткива. На крај од сите прегледи се прави специфичен Шимеров тест со помош на кој одредуваме која количина на физиолошки солзи се продуцира (10 мл за 5 мин).

По уредното испитувања и предоперативни подготовки, се изведува оперативниот зафат. Во корелација со анестезиолог, операцијата може да се изведе со локална, општа анестезија или аналогоседација.

Постоперативниот период е исто така многу значаен. Сосема е очекувано  во тој период да перзистира периорбитален едем кој делумно влијае на опоравувањето. Околу 48 часа по операцијата, главата на пациентот треба да биде елевирана – подигната. Локално може да се аплицираат антибиотски масти. Вадењето на конците е 7 дена после операцијата. По вадењето на конците, пациентот се враќа на секојдневните активности.

Ефектите на горната и долната блефаропластика може да траат и до 15 години по извршената интервенција.

Долна блефаропластика – операција на очни капаци

Со текот на годините доаѓа до опуштање на кожата на долните очни капаци. Кожата можеби е и најтенка баш на овој дел од човечкиот организам, затоа процесот на стареење е многу изразен во оваа регија. Кожата изгледа набрчкана, млитава, со темна обоеност поради наталожени токсини и отпадни продукти на метаболизмот. Така пациентот изгледа уморно, со тажен поглед и постар одошто е. Ваков пациент е идеален кандидат за подмладување на долните капаци со т.н. долна блеферопластика.

Цел на долна блеферопластика:

  • Отстранување на вишокот на кожа под долните капаци
  • Отстранување на вишокот на масти кои се анатомски локализирани во оваа регија
  • Добро позиционирање на линиите на рез (да се сокријат резовите) во природните набори на кожата
  • Да се воспостави симетрија на очите
  • Да се подобри изгледот на пациентот

Самата интервенција почива на предоперативните подготовки и анализи, предоперативното планирање и исцртување на пациентот. Интервенцијата може да се направи со општа анестезија, локална анестезија и аналогоседација и со тоа да се обезбеди комфор кој е идеален за пациентот и за хирургот.

Постоперативниот период е исто така многу значаен. Сосема е очекувано  во тој период да перзистира периорбитален едем кој делумно влијае на опоравувањето. Околу 48 часа по операцијата, главата на пациентот треба да биде елевирана – подигната. Локално може да се аплицираат антибиотски масти. Вадењето на конците е 7 дена после операцијата. По вадењето на конците, пациентот се враќа на секојдневните активности.

Со долна блеферопластика т.е.подмладување на долната орбитална регија и решавање на проблемот со опуштена кожа, уморен и несакан израз и поглед го решаваме на минимум 15 години, што исклучително влијае на подобрување на квалитетот на животот на пациентот.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Операција на очни капаци

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани