Намалување на дојки со целосна и локална анестезија

Намалување на дојки со целосна и локална анестезија

Намалување на дојки со целосна анестезија

Намалување на дојки – Дојките се сметаат за големи ако надминуваат 500 g. Најчесто, дојките се зголемуваат за сметка на масното ткиво. Зголемените дојки влијаат на квалитетот на животот, доведуваат до непријатни болки во грбот и рамената, го отежнуваат дишењето, предизвикуваат промени на кожата.

Операцијата редукциона мамопластика се изведува под целосна анестезија. По предоперативни прегледи, изготвување на план за интервенција и давање на анестезија, се започнува операцијата која завршува со педантна хемостаза (запирање на крварење од крвните садови) и шиење на кожата.

Можни компликации:

  • Хематом
  • Инфекција
  • Лузна (хипертрофична)
  • Асиметрија на гради
  • Намалена чувствителност на гради
  • Неможност за доење

Намалување на дојки со локална анестезија

Доколку оперативниот хирург и неговиот помошник донесат одлука, водени од индикациите и предоперативното планирање, дека операцијата за намалување на градите може да се изврши под локална анестезија, се пристапува кон такво планирање на самата оперативна процедура. Генерално, во вакви случаи се работи за помали интервенции, каде што времето кое што му е потребно на хирургот за успешно извршување на операцијата е значително помало.

Уште една добра страна на овој тип на операција за редукција на дојките е тоа што за време на самата интервенција, пациентот е буден и контактибилен, свесен, не чувствува болка, но не е седатиран.

Самиот чин на операција за редукција со локална анестезија подразбира побрз, условно кажано, поблаг постоперативен тек.

Можни компликации се секако истите оние што би се случиле доколку операцијата за намалување на дојките се изведува под целосна анестезија:

  • Хематом
  • Инфекција
  • Лузна (хипертрофична)
  • Асиметрија на гради
  • Намалена чувствителност на гради
  • Неможност за доење

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Намалување на дојки со целосна и локална анестезија

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани