Липосукција

Липосукција

Липосукцијата е метод за отстранување на масни наслаги кои не можат да се отстранат со диета и физичка активност.

Во светот на пластичната и естетската хирургија липосукцијата е присутна од 1920 година, кога францускиот хирург Чарлс Дијарие го воведе концептот на контурирање на телото и отстранување на маснотии. Иако првично, оваа тогаш нова и непозната процедура беше пречекана со нож од тогашната водечка медицинска елита, денес таа е една од најчестите операции.

Липосукција - најважен критериум

Најважниот критериум кој гарантира успех на оваа операција е: ИЗБОР НА ПАЦИЕНТОТ т.е. пациент кој ќе има подобрен квалитет на живот по оперативната процедура. Општо познато е дека липосукцијата се изведува само на здрави пациенти со реални очекувања.

Клиничките студии покажаа дека само оние пациенти кои го промениле својот начин на живот по операцијата – диета, редовно вежбање – имаат долгорочна корист од липосукцијата.

По операцијата за контурирање на телото, пациентот треба да го промени својот начин на живот (да го задржи постојниот добар начин на живот), да вежба редовно и да има добро балансирана исхрана.

Кандидати за Липосукција

Липосукцијата е контраиндицирана кај бремени жени и кај пациенти со лоша општа здравствена состојба.

Идеални кандидати се лица на возраст од 30-45 години, со вишок тежина од 5-10 кг.

Лоши кандидати се луѓе над 40 години, со вишок тежина од 20 кг. над идеалната, со лузни, стрии, птоза на задникот (пад на задникот).

Важни известувања!

Пред операција, употребата на аспирин, антикоагуланси, витамин Ц и естроген е строго забранета. Важно е кожата да е еластична за да се добие мазна контура по операцијата.

ТУМЕСЦЕНТНА АНЕСТЕЗИЈА

Приоѓаме до предоперативно планирање и исцртување (секогаш во стоечка положба пред огледало, за да може да се види целата фигура). Потоа следи заспивање на пациентот и инфилтрација на специјална т.н ТУМЕСЦЕНТНА АНЕСТЕЗИЈА

Во зависност од местото на локализираните маснотии, липосукцијата, со помош на различни канили, може да се изврши на:

  • надлактици
  • стомак
  • задник
  • бутови
  • половина
  • колена
  • потколеници

Општи можни компликации се:

  • повреда на внатрешните структури и органи,
  • хематом – минлив,
  • белодробна и масна емболија,
  • инфекција,
  • вкочанетост на кожата над пределот каде што е извршена липосукција.

Постоперативниот третман и нега вклучуваат:

  • преврзување во траење од две до три недели,
  • што е можно побрзо започнување со лесна физичка активност (пешачење),
  • Fraxiparin,
  • кај пациенти кај кои е сукционирано повеќе од 5000 мл, се дава компензација од 0,25 мл кристалоиди за секој 1 мл изваден инфилтрат над 5000 мл.
  • дебелината е и медицински и естетски неприфатлива состојба во доба кога пластичната хирургија и нејзините алатки можат да ви го разубават денот и животот.

Погледнете кратко видео за липосукција

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Липосукција

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани