Корекција на асиметрија на гради

Корекција на асиметрија на гради

Пластичната и естетската хирургија имаат свој значаен придонес кога станува збор за корекција на асиметријата на гради.

Корекција на асиметрија на гради - Самата асиметрија може да биде предизвикана од неколку фактори и може да се појави како резултат на:

  • анатомската градба,
  • стекнат деформитет,
  • како последица на одредени претходни корекции.

Асиметријата  може да се реши со вметнување силиконски имплант, со употреба на липотрансфер (пренос на маснотии, кој претходно се зема од одредена донорска регија), со помош на редукција на кожата (се врши деепителизација на површинскиот слој на кожата и на тој начин се постигнува намалување, т.е. редукција на дојката којашто не е симетрична во однос на анатомскиот изглед на другата дојка). 

Типот на интервенција која ќе се примени за да се реши асиметријата и да се коригираат дојките, пред се зависи од постојните индикации, од реалните оперативни можности и од одлуката на хирургот, се со цел да се постигне максимален ефект со минимална манипулација. Важна работа кога се во прашање дојките секако е nipple – аерола комплекс, т.е. брадавица. Како и со другите интервенции, вклучувајќи ги и оние поврзани со асиметрија, мора да се внимава да се зачува анатомијата и функцијата на брадавицата.

Корекција на асиметрија на гради – Операција

Операцијата се изведува под општа анестезија. Пред самата интервенција се изготвува оперативен план, се исцртува оперативното поле, а самата интервенција успешно се завршува со шиење на кожата, по што следи преврска.

Во постоперативниот период, пациентот треба да се придржува до хигиенски и диететски режим, пропишана антибиотска терапија и, доколку е потребно, терапија со аналгетици.

Можни компликации:

  • хематом,
  • инфекција,
  • хипертрофична лузна,
  • можна дисколорација околу брадавиците.

Прекумерната корекција (кога се прави преголемо затегнување на кожата, се става премногу масно ткиво или се става преголем имплант) се смета за најголема компликација.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Корекција на асиметрија на гради

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани