Зголемување на потколеници со импланти

Зголемување на потколеници со импланти

Зголемување на потколениците со импланти- Како и другите делови од телото, потколениците може да бидат предмет на естетски корекции. Ова е релативно нова интервенција и нејзиниот успех е тесно поврзан со развојот на импланти кои се користат за оваа намена.

Имплантите се производ на технолошкиот развој во медицината и естетската хирургија и треба да поседуваат одредени физички, биолошки и, се разбира, анатомски својства:

  • најпрво треба да бидат стерилни и за еднократна употреба
  • анатомски да одговараат на пределот каде што треба да се постават
  • да бидат безбедни во секоја смисла на зборот, да не предизвикуваат алергии, можноста за создавање контрактури да се сведе на минимум доколку не може целосно да се исклучи
  • да бидат лесни за манипулација

Како и секоја друга естетска интервенција, така и оваа започнува со земање детална и целосна анамнеза на пациентот и вршење преглед. Лекарот го слуша пациентот за да ги разбере неговите желби и очекувања, а потоа му дава свој предлог и совет што се однесува до самата операција.

Поради удобноста и на оперативниот тим и на пациентот, самата операција се одвива главно под целосна анестезија, ретко под локална анестезија. Сите витални параметри се следат при самата интервенција од страна на анестезиологот и анестетичарот.

Зголемување на потколеници со импланти

Она што е многу карактеристично за оваа операција е тоа што главно ја решава асиметријата на потколеницата во однос на другата. Завиден естетски ефект се постигнува

Во постоперативниот период, многу е важно пациентот да се придржува до одреден хигиенско-диететски режим, кој вклучува:

  • мирување
  • терапија со антибиотици (per os)
  • По потреба, терапија со аналгетици
  • антиедематозна терапија, поради можна појава на оток
  • ногата мора да биде во височина (подигната), особено кога пациентот се одмара и за време на спиење

Можни компликации:

  • оток
  • хематом
  • инфекција
  • преголем имплант т.е. прекумерна корекција
  • премал имплант т.е. пациентот не е задоволен од ефектот по операцијата
  • нереални и несоодветни очекувања на пациентот по операцијата
  • непридржување до упатствата на хирургот во постоперативниот тек од страна на пациентот може да предизвика и низа компликации

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Зголемување на потколеници со импланти

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани