Зголемување на задник со импланти

Зголемување на задник со импланти

Зголемување на задник со импланти – Ако Памела Андерсон беше синоним за луксузно и бујно деколте, и суверено владееше на крајот на деведесеттите како неприкосновен секс симбол, денес тој примат дефинитивно го презеде старлетата со ерменско потекло Ким Кардашијан токму поради естетската матрица што ја форсираме – големи сочни усни, јаболчници, тенок и тесен струк и секако голем обем на задникот.

Липосукцијата е метод за отстранување на масни наслаги кои не можат да се отстранат со диета и физичка активност.

Зголемувањето на задникот со помош на импланти започнува на самиот преглед, каде пациентката ги изразува своите желби, хирургот своите опции и на крајот заедно го избираат обликот, формата и големината на имплантот што ќе се стави. Довербата и меѓусебното разбирање помеѓу пациентот и пластичниот хирург е дефинитивно императив за секоја соработка.

Оперативна процедура за зголемување на задник со импланти

Избраниот имплант мора да одговара на градбата на пациентот. Мора да поседува сертификат дека е биолошки исправен, дека е лесен за манипулирање при самата интервенција, дека е безбеден, дека не предизвикува никакви алергиски реакции или можност да биде отфрлен од телото на пациентот.

По завршувањето на анамнезата и прегледот, пациентот се обележува, секогаш во стоечка положба и пред огледало за да и самата пациентка е запознаена со можните ефекти по самата операција. Најчесто оваа интервенција се изведува под целосна (општа) анестезија, а многу поретко под аналгоседација. Интервенцијата започнува со почетен засек, по што следи вметнување на имплантот и завршува со финален засек на кожата.

Постоперативното закрепнување вклучува:

  • одреден хигиенско-диететски режим
  • мирување
  • преврзување на задникот 15 дена
  • терапија со антибиотици, per os
  • терапија со аналгетици доколку пациентот има болки
  • антиедематозна терапија, поради спречување на појава на едем
  • хидратација на телото

Како и со секоја операција, можноста за одредени компликации е исто така многу можна:

  • болка
  • оток
  • хематом (мора да се евакуира)
  • инфекција
  • погрешно избран имплант кој може да ја води интервенцијата во две насоки – дa имаме прекумерна корекција, т.е. задникот да биде преголем и да не е во согласност со анатомските и антропометриските мерки на самата пациентка, или пак имплантот да биде мал и пациентката да не биде задоволна од исходот од оваа естетска корекција

Можни компликации се јавуваат и кога пациентот не ги следи упатствата во постоперативниот период.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Зголемување на задник со импланти

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани