Затегнување на чело

Затегнување на чело

Затегање на чело – стравот од стареење и старост е надминат благодарение на научната мисла, техниките на работа, ентузијазмот и желбата за таа естетска идеја да се претвори во стварност.

Стареењето на лицето, а со тоа и стареењето на челото е комплексен процес кој претставува кумулативен ефект на симултани промени на компонентите на лицето како и меѓусебни интеракции на променетите компоненти. Традиционално лицето се дели на три третини (горна, средна и долна). Што се однесува до функционалната поделба на лицето таа е малку поразлична и концептуално има допирни точки со традиционалната поделба.

Од 1974 лифтингот на чело станува составен дел од оперативниот facelifting. Со стареењето доаѓа до карактеристични промени на челото:

  • Пропаѓање на веѓите, особено на нивните надворешни делови
  • Спуштање на кожата на веѓите кон орбитите, што дава изглед на вишок кожа на горните капаци
  • До појава и продлабочување на трансверзалните брчки на челото
  • До појава и продлабочување на вертикалните, косите и трансверзалните глабеларни брчки

Цели на лифтингот на чело:

  • Подигање (елевација) на спуштени веѓи, особено надворешниот сегмент
  • Корекција на трансверзалните брчки на челото
  • Корекција на глабеларните брчки
  • Отстранување на вишок на кожа на горните капаци и зачувување на кожата на веѓите
  • Сочувување на косата на скалпот
  • Сочувување на сензорика на скалпот.

Пост Оперативен период:

  • 24 до 48 часа лежење со подигната глава
  • Конците се вадат прогресивно почнувајќи од 4тиот постоперативен ден
  • Да не се земаат препарати кои потенцираат крварење
  • Пушачи – 2 недели пред и после операцијата да не пушат

Можни компликации:

  • Хематом – најчеста компликација која се случува 10-12 часа постоперативно, треба да се отстрани хематомот.
  • Некроза на делот кој сме го затегнале поради лоша васкуларизација, поради премногу манипулативни движења во текот на самата интервенција, поради преголема тензија при шиењето, кај пушачите и поради пропаѓање (дехисценција на ткивото со кое е преклопена) раната
  • Повреда на некој од важните нерви
  • Хипертрофични белези

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Лифтинг на чело

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани