Затегнување на вратот

Затегнување на вратот

Вратот е многу важен сегмент на човечкото тело. Неговата важност се гледа во тоа што тој претставува спој помеѓу главата и остатокот од телото. Ако погледнеме од агол на пластичната хирургија тој е многу важен затоа што знаците на стареење баш на вратот се многу изразени и паѓаат во очи.

Неколку знаци на стареење се многу воочливи кога е вратот во прашање: опуштена кожа на вратот, хиперпигментација, паралелни брчки во облик на ѓердан како цилиндрични линии една под друга.

Кога ќе се исцрпат сите анти-ејџинг процедури за затегнување и подмладување на вратот како мезотерапија, хемиски пилинг, ПРП третмани, целуларен матрикс, како и одредени ласерски третмани, се пристапува кон хируршко затегнување на вратот (лифтинг на врат).

Лифтинг на врат е хируршка процедура со која се постигнува затегање на сите слоеви на кожата и поткожата на вратот, како и отстранување на вишокот кожа. Со останатите анти-ејџинг процедури се постига подобрување на квалитетот на кожата на самиот врат.

Самиот лифтинг на вратот може да биде самостојно одработен или во рамките на поголем и опсежен лифтинг на лице.

После земената анамнеза, се пристапува кон предоперативното исцртување и планирање. Следниот чекор е давање на општа анестезија и после тоа се пристапува кон оперативниот зафат.

Постoперативен период:

Постоперативниот период бара антибиотска, аналгетска и хидратациска терапија, како и мирување и посебен хигиенски-диететски режим.

Можни компликации:

  • Сите компликации кои можат да се случат кога хируршки се затега одреден дел од кожата (хематом, инфекција, лоша васкуларизација на одредени делови од третираната регија)

Сите компликации кои се случуваат кога е во прашање опсежен хируршки лифтинг на лице, а како сегмент во таа операција се вбројува и лифтинг на вратот.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Затегнување на вратот

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани