Дермоабразија

Дермоабразија

Дермоабразија спаѓа во естетски корекции кои влијаат на подобрување на квалитетот на кожата на сите нивоа.

Прв пат дермоабразијата како иновативна техника е изведена во Италија. Оваа интервенција во суштина претставува абразија (шмирглање, отстранување) на епидермисот и површниот слој на дермисот со цел да ги подобри неправилните контури и кожните промени. Длабочината на дермоабразијата не би смеела да оди подлабоко од средниот слој на кожата или т.н. папиларен слој на дермисот.

Интервенцијата може да се одработи со тотална анестезија или со аналгоседација. Пациентот е истовремено и обезболен и заспан за време на интервенцијата како и после неа. Откако ќе се направи предоперативна подготовка и ќе се постават индикации за дермоабразија, се пристапува кон механичко отстранување на површните слоеви кожа, со помош на медицинска шмиргла или дермоабратор, се додека не се појави точкасто површно крварење. Сѐ додека трае интервенцијата, пациентот е заспан што дава додатен комфор за операторот.
Следната фаза на дермоабразијата е апликација на хемиски пилинг за да се постигне додатна регенерација.

Индикации за примена на дермоабразија:

  • Акни
  • Белези
  • Тетоважи
  • Пигментација
  • Кератолички лезии
  • Брчки
  • Ринофима

Постоперативна нега

Постоперативното опоравување трае околу 7 дена.

Тогаш пациентот има специјална маска која ја носи 24/7 за да се спречи можна несакана инфекција на младиот и нов епителен слој. После тие 7 дена пациентот ја мие маската и продолжува со користење на хидратантни креми и серуми, креми за интензивна епителизација и задолжително аплицирање креми со висока УВ заштита.

Треба да се напомене дека црвенилото е неизбежно поради механичко оштетување но е со минлив карактер. Можна е појава на хипер или хипопигментација и хипертрофичен белег, доколку дермоабразија ви прави лице кое нема доволно искуство и не е стручно за тоа.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Дермоабразија

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани