Гинекомастија - корекција на гради

Гинекомастија – корекција на гради

Гинекомастија е состојба кога машките гради се зголемуваат и добиваат делумно женски изглед. Исто така, може спорадично да се појави кај жените и она што е можеби најкарактеристично е што се јавува на сите возрасти.

  • Гинекомастијата се разликува од т.н. псевдогинекомастија, која се јавува како резултат на акумулација на масно ткиво.

    Вистинската гинекомастија е поделена на:

    • неонатална,
    • адолесцентна – пубертетска,
    • адултна – кај постари лица.

    Главната причина за зголемување на машките гради е зголемување на естрогенот (женски полов хормон) и истовремено намалување на тестостеронот (машки полов хормон).

    Причините за гинекомастија можат да бидат одредени видови на рак (дојка, бели дробови, црн дроб), системски заболувања, трауми, дебелина, како и злоупотреба на одредени лекови и наркотици.

Гинекомастија се изведува под целосна анестезија.

Се зема анамнезата на пациентот, се прави план и се прави предоперативно исцртување на пациентот, а потоа се пристапува до првите линии за инцизија (т.е. првите засеци).

Принципите и критериумите при планирање на операција на гинекомастија се:

  • количината на вишок кожа
  • решавање на одреден степен на птоза (одредена спуштеност на дојката, „висење“ на дојка)
  • количината на масното ткиво
  • количината на ткиво со жлезди
  • големината на nipple – aerola complexa (брадавица)

Можни компликации:

  • хематом (најчеста компликација во 5-15% од случаите)
  • серома
  • некроза на брадавиците
  • прекумерна корекција – претерана корекција, којашто доведува до таков деформитет кој е многу тежок да се коригира
  • недоволна корекција – недоволна корекција
  • постоперативна асиметрија на десната и левата града
  • релокализација и асиметрија на брадавиците
  • вкочанетост на брадавиците
  • постоперативни лузни

Што се однесува до самата операција за намалување на градите, тоа може да биде класична операција, може да биде SAL (сукциона липосукција) – кога имаме премногу масно ткиво и UAL (ултразвучна липосукција) – кога дојката е зголемена поради масно и поради жлездено ткиво.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Гинекомастија

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани