Факторите на раст, во извесна смисла, ја играат улогата на гласници коишто испраќаат сигнали до клетките на кожата со што го овозможуваат нивното функционирање. Всушност, тие во медицината се користат за лекување на низа здравствени проблеми, вклучувајќи артритис, знаци на стареење, итн. Добрите вести за секој кој има проретчена коса се дека факторите на раст можат да помогнат да се стимулира активноста на фоликули на влакното и да се промовира раст на нова коса.
Употребата на ПРП е опција за третман на опаѓањето на косата бидејќи постојат голем број научно засновани статии коишто ја покажуваат неговата ефикасност во зголемување на бројот на влакна, зајакнување на дебелината на влакната и забрзување на фазата на раст на косата.
Исто така, се користи и за третирање на други проблеми, како што се заздравување на повредени тетиви, лигаменти и мускули. Третманот со ПРП може да се примени по изведување на процедура за трансплантација на коса со цел да се намали потребниот период на заздравување.
Терапијата со ПРП (плазма богата со тромбоцити) за третирање на опаѓањето на косата е медицински третман во три чекори при којшто се вади крв од пациентот, се обработува и потоа се инјектира во скалпот.
Се зема крв – обично од вашата рака – и се става во центрифуга (машина којашто брзо се врти за да ги одвои течностите со различна густина).
По околу 10 минути во центрифугата, вашата крв се дели на три слоја:
· Плазма сиромашна со тромбоцити
· Плазма богата со тромбоцити
· Црвени крвни клетки
Плазмата богата со тромбоцити се внесува во шприц и потоа се инјектира во региите на скалпот каде што има потреба од зголемен раст на влакната.
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани