Трансплантација на брада

Трансплантација на брада

ГУСТА БРАДА - ВЕЧНИОТ СИМБОЛ ЗА МАШКА УБАВИНА

Иако густата брада станува сѐ попопуларна во последниве години, слабиот раст на влакната и проретчените зони во регијата на брадата обесхрабруваат многу мажи да уживаат во машките естетски придобивки од густата брада. Единственото трајно решение за овој проблем е трансплантацијата на брада.

Трансплантацијата на брада се изведува во амбулантски услови, со помош на процедура којашто обично трае 3 до 7 часа, во зависност од потребите на пациентите.

Трансплантација на брада е специјализирана техника за којашто е потребна прецизност и умешност со цел да се зголеми растот на влакната во пределот на брадата.

Најважниот чекор од процедурата е дизајнот, којшто се заснова на вашите индивидуални цели во однос на третманот, земајќи ја предвид шемата на лицето и постојната густина на влакната.

Со пенкалото CHOI Implanter Pen не е потребно да се прават рецептори и секој фоликул на влакното се поставува во одредена насока, под одреден агол и длабочина, при што се обезбедуваат 100% природни резултати, со максимална стапка на трајност.

Процедурата се изведува под локална анестезија и е апсолутно безбедна и безболна.

Графтовите се земаат од задниот дел на вашиот скалп и се имплантираат еден по еден во проретчената регија на брадата.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Трансплантација на брада

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани