Lumenis Stellar M22™ ResurFX™

Lumenis Stellar M22™ ResurFX™

Вашата измазнета кожа повторно сјае

Совршено прилагоден третман за рани знаци на стареење на вашата кожа, со видливи резултати:

Третман

The Stellar M22™ ResurFX™ е решение за фракционо подмладување на кожата кој му овозможува на вашиот доктор да постигне забележителни резултати за подмладена, поздрава и кожа што блеска во полн сјај. Уникатната фракциона технологија за подмладување ResurFX™ неаблативниот метод за обновување на површината на кожата овозможува брз и ефективен третман.

Видливи резултати

The Stellar M22™ ResurFX™ третманот ѝ помага на кожата да ја стимулира регенерацијата на длабинскиот колаген во неколку третмани. Вообичаено, околу 3 сесии се доволно за видливи резултати во мазна текстура на кожата и фините линии. Но, веднаш и по првиот третман ќе забележите разлика во димензиите на вашите пори. Оптимални резултати се постигнуваа по 3-5 сесии во интервал од 4-5 недели. Сепак, резултатите на подобрување ќе ги забележите и во текот на 6 месеци по започнувањето со третманите.

Важно е да запаметите

Веднаш по третманите може да се појави црвенило или оток, во зависност од вашиот индивидуален третман. Отокот се намалува во текот на следните неколку часа по третманот, додека црвенилото веќе следниот ден или во текот на следните неколку дена по третманот. Повеќето пациенти може да продолжат со своите тековни активности веќе истиот ден. Очекувано е вашиот доктор по третманите да препорача да не ја изложувате вашата кожа на сонце и да нанесувате средство за заштита од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. ResurFX™ третмани не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа.

Ризици: црвенило, отоци, лузни или промена во пигментација.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: ResurFX™ третмани

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани