Lumenis Stellar M22™ Photofractional™

Lumenis Stellar M22™ Photofractional™

За сјајна кожа, за ВИЕ да блескате!

Оптимален третман за рани знаци на стареење, со видливи резултати за пигментација, дамки на кожата предизвикани од стареење или изложеност на сонце, брчки и подобрување на општиот изглед на кожата.

Третман

Stellar M22™ Photofractional™ третманот е целосно решение за подмладување на кожата, кој му овозможува на вашиот доктор да постигне видливи и навистина впечатливи резултати за дамки од стареење или сонце, ситни брчки, лузни од акни, нерамнини на кожата и тен. Уникатната технологија за подмладување комбинира две решенија IPL (Intense Pulse Light) и ResurFX™ неаблативен метод за измазнување на површината на кожата со што и тенот и текстурата на кожата може да бидат третирани последователно.

Видливи резултати

Stellar M22TM Photofractional™ ѝ помага на кожата преку стимулација на длабинска регенерација на колагенот. Типично 3 сесии се потребни за видливи резултати во текстурата и во однос на брчките. Оптимални резултати се постигнуваат по 3 – 5 сесии, во интервал од 2 – 6 недели.

Важно е да запаметите

По третманите, може да се појават црвенило и отоци, во зависност од вашиот специфичен третман, приспособен специјално за вас. Црвенилото го снемува за неколку часа, додека отоците веќе следниот ден или во текот на следните неколку денови.

По третманите, вашиот доктор ќе ви препорача да избегнувате директна изложеност на сонце и редовно нанесување препарати за заштита на кожата од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. Photofractional™ третманите не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа. Ризици: црвенило, отоци, промена на пигментација, лузни.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: Photofractional™

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани