LUMENIS STELLAR M22™ IPL третмани
за отстранување влакна

Lumenis Stellar M22™ IPL третман за отстранување влакна

За мазна и блескава кожа

Неинвазивен третман кој ќе го намали растењето на влакната на:

Третман

Stellar M22™ третманот за отстранување влакна е неинвазивен начин како осетно да го намалите растењето влакна, што понатаму за вас значи убава и мазна кожа. Уникатната IPL технологија прецизно ги таргетира фоликулите на влакното, преку бранови светлина кои се абсорбираат во кожата. Понатаму, абсорбираната светлина ги загрева фоликулите кое пак го спречува понатамошниот раст без оштетувања на околното ткиво.

Овој метод е ефективен за црни, кафеави и црвени влакна.

Видливи резултати

Stellar M22™ IPL третманот за отстранување влакна најчесто се спроведува во серија од 4 – 6 сесии, а се постигнуваат одлични долготрајни резултати. Дури и веднаш по првата сесија ќе забележите значително намалување на влакната.

Веднаш по третманите може да се јави мало вцрвенување или оток на третираната регија, но, тоа е само позитивен клинички резултат кој индицира дека фоликулите реагираат на третманот. По третманот, можете да продолжите со вашите секојдневни обврски и активности.

Важно е да запаметите

По третманите, вашиот доктор ќе ви препорача да избегнувате директна изложеност на сонце и редовно нанесување препарати за заштита на кожата од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. IPL третманите за отстранување влакна не се препорачуваат при активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожата и рак на кожа.

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете IPL третман за отстранување влакна. 

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: IPL третман за отстранување на влакна

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани