Ефективен третман за ласерско отстранување на непосакуваните тетоважи:
The Stellar M22™ Ласерското отстранување тетоважи е третман кој му овозможува на вашиот доктор ефективно да отстрани црни, сини и друг вид темни тетоважи, без разлика дали се работи за аматерска или професионална тетоважа. Stellar M22™ Q-Switch технологијата овозможува оптимално приспособување според типот на тетоважата, за ефективно да го таргетира темниот пигмент и да го отстрани. Ултракратките ласерски пулсирања се насочени кон мастилото на тетоважата во кожата, го разбиваат во мали честички кои понатаму се ресорбираат во телото по природен пат. Кожата околу тетоважата останува недопрена.
Промената во интензитетот на бојата на тетоважата е видлива уште по првиот третман. Бројот на потребни третмани зависи од делот на телото каде се наоѓа тетоважата, бојата на кожата и самиот тип на тетоважа.Бројот на третмани варира од 2-3, дури и до 10 во одредени случаи. Третманите се одвиваат во период од 6-10 недели.
Веднаш по третманите ќе забележите белузлави меури на местото на третираната тетоважа, проследени со умерено црвенило и оток кои ќе ги снема во текот на 24 часа. Тенок слој краста ќе се појави над третираното место и таа ќе отпадне во следните 2 недели. Во ретки случаеви може да се појави крварење на третираното место. Бледнеењето на тетоважата е постепено и се случува во следните неколку недели по третманот.
Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. Третманите за ласерско отстранување на тетоважи не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа.
Ризици: црвенило, отоци, purpura, petechiae.
Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани