Lumenis Stellar M22™ Фоторејувинација

Lumenis Stellar M22™ Фоторејувинација

За кожа без дамки

Брз и нежен третман кој дава видливи резултати:

Третман

Stellar M22™ Фоторејувинација (фотоподмладување) третманот му овозможува на вашиот доктор да постигне забележителни резултати за цел спектар на кожни аспекти, како што се дамки од стареење или сонце, пеги, белег од раѓање, Розацеа или испукани капилари. Уникатната IPL (Intense Puls Light) технологија нежно и ефективно ги елиминира дамките, дисколорациите / промените во пигментација и непотребните крвни садови.

Видливи резултати

Stellar M22TM Фоторејувинација третманот ѝ помага на кожата во процесот на отстранување на несовршеностите и во неколку третмани го стимулира колагенот и создавањето на еластичен фибер. Плитката пигментација и дамките од сонце и стареење може да бидат исчистени дури и со 1-2 третмани. Вообичаено, 2-6 сесии со паузи од 2-4 недели се потребни за да се постигнат оптимални резултати.

Важно е да запаметите

Веднаш по третманите може да се појави црвенило, во зависност од вашиот индивидуален третман. Црвенилото вообичаено исчезнува за само неколку часа. Во повеќето од случаите, може веднаш да нанесете шминка и да продолжите со вашите тековни активности уште истиот ден. Очекувано е вашиот доктор по третманите да препорача да не ја изложувате вашата кожа на сонце и да нанесувате средство за заштита од сонце.

Stellar M22™ третманите не се соодветни за секого и вклучуваат одредени можни ризици. Третманите за Фоторејувинацијата не се соодветни за состојби кои вклучуваат: активни инфекции, вирусни, габични или бактериски заболувања, воспаленија на кожа или рак на кожа.

Ризици: црвенило, отоци, лузни или промена во пигментација.

закажете третман

Единствено во консултација со доктор изберете и закажете третман за: Фоторејувинација третмани

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани