Мезотерапија е процедура која се состои од внес на коктел витамини во средниот дел на кожата (мезодерм), кои се користат за ревитализација, хидрирање и подмладување на кожата на лицето. Има ефект на лифтинг и подигнување на тонусот на лицето со брза и потполна ревитализација на кожата на лицето. Мезотерапијата се користи за подмладување на кожата, за избелување на флеките на лицето и отстранување на отоците околу очите и темните кругови, како и во борба против целулитот. Исто така се користи како превентивна метода за спречување на паѓање на косата и ревитализација на косата преку внес на коктел од витамини во скалпот на главата.