Хијалуронски дермални филери

Хијалуронски дермални филери

Хијалуронски дермални филери се медицински препарати базирани на хијалуронска киселина, хидрофилна супстанца која врзува за себе голема количина на вода и таа природно се создава во нашиот организам.

Хијалуронската киселина го чува младешкиот, блескав изглед на кожата така што сврзува стотина молекули вода, ја храни кожата и ѝ дава сјај. Предноста на методите со хијалуронска киселина е што нема долго закрепнување како кај хируршките зафати, а се постигнуваат брзи и видливи резултати за ублажување на знаците на стареење. Во естетската медицина хијалуронската киселина се користи за подмладување на кожата преку пополнување и израмнување  брчки на лицето, вратот и рацете. Таа ја подмладува кожата зголемувајќи ја нејзината влажност, еластичност, пополнувајќи ги борите, лузните и дефектите. Брчките полесно се корегираат кога се во почетна фаза, затоа се препорачува користењето на филери со појавата на првите брчки. На тој начин се спречува нивно натамошно продлабочување. Зависно од генетиката, но и од начинот на живот, брчките кај некого се појавуваат порано , кон крајот на 20-ти години, а кај некого доста покасно. Немојте да чекате да брчките го “преплават” вашето лице, реагирајте веднаш. Хијалуронската киселина се користи и за добивање волумен. Најчесто се користи за:

  • подигнување на образите,
  • отстранување на подочњаците,
  • пополнување на јаболчниците,
  • пополнување на усните,
  • корекција на мали неправилности на нос,
  • oтстранување на назолабијалните брчки

Исто така се користат и ревитализирачки филери кои се т.н. потврди филери кои во естетската медицина се користат за затегнување и пополнување. Детална анализа на лицето и комбинација на различни напредни техники на инјектирање се составен дел од работата на Етерна клиник – Белград Скопје.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Хијалуронски дермални филери.

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани