Хемиски пилинзи

Хемиски пилинзи

Хемиски пилинзи претставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се постигнува измазнување на тенките и средно длабоките брчки, се избледуваат хиперпигментациите, се третираат лузни и акни и други оштетувања на кожата предизвикани од сонце. Тој може да биде супефицијален (површински), средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која се користи, нејзината концетрација, времето на дејствување. Најчесто се употребува на лицето, но може и на вратот, рацете или грбот.

Новата регенерирана кожа која се крие под лушпите е помазна, посјајна и со помалку изразени брчки. Значи освен тоа што ги отстранува старите оштетени слоеви на клетки, тој стимулира и создавање на нов колаген, ја зголемува количината на хијалуронска киселина и го подобрува квалитетот на еластичните влакна, истовремено намалувајќи ги оксидативните оштетувања на кожата.

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Хемиски Пилинзи

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани