3D Мезонити (мезоконци)

3D Мезонити (мезоконци)

3D Мезонити (мезоконци) претставува процедура која се користи во естетската медицина за нехируршко благо затегнување/лифтинг на кожата со примена на мезоконци кои, кога ќе се постават во горниот кожен слој, ја затегнуваат и подигнуваат опуштената кожа.

Со третманот можат да се подигнат и зајакнат зоната кај образите, околу очите, подочниците, вратот и деколтето.

Апликацијата се изведува со тенки иглички, формирајќи мрежа со помош на која вашиот организам создава потполно нов колаген. Конците во кожата постепено се разградуваат во рок од 6-8 месеци, цело време процесирајќи колагенска стимулација која трае и до една и пол година. Вистинскиот ефект се гледа после два месеци од апликацијата, а со текот на времето тој ефект само се зголемува.

Кои се предностите на техниката за подмладување со помош на мезоконци?

Овој начин на затегнување и подмладување на кожата нуди бројни погодности, а некои од нив се:

  • Методата е 100% природна, зошто конците го потикнуваат создавањето на колаген потполно рамномерно и резултатот е природен изглед
  • Процедурата трае кратко
  • Заздравувањето е брзо и пациентите веднаш се враќаат на своите секојдневни активности

Лифтингот со помош на мезоконци може да се комбинира и со другите методи од естетската медицина

закажете третман

Изберете и закажете третмани за
Мезонити (мезоконци)

Закажи го твојот преглед

Етерна Белград – Скопје © Сите права задржани